На Македонија на располагање 317 милиони евра

Bez autora
Oct 13 2011

Македонија во периодот 2010-2013 година ќе може да користи 317.123.436 евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА), чија проекција ја одобри Европската комисија. За Македонија годинава се предвидени 98.028.286 евра од ИПА, во 2012 г. - 101.882.881 евра, а во 2013 г. - 117.212.269 евра. Од вкупно предвидените средства за периодот 2010-2013 година, за првата компонента од ИПА - Транзициска помош и институционален развој се предвидени 83.953.799 евра, за втората компонента - Прекугранична соработка 15.401.290 евра, за третата - Регионален развој се планирани 132.138.532, за четвртата компонента - Развој на човечки ресурси 30.380.000 и за петтата - Рурален развој 55.249.815 евра. Целта на Инструментот ИПА што почна да се применува од 2007 година е да се стави во единствена рамка целокупната претпристапна помош за земјите-кандидати за членство во ЕУ. Средствата од ИПА се одобруваат врз основа на поднесени проекти во петте компоненти, а потенцијални корисници се државните институции, општините, универзитетите, компаниите, земјоделците...

На Македонија на располагање 317 милиони евраМакедонија во периодот 2010-2013 година ќе може да користи 317.123.436 евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА), чија проекција ја одобри Европската комисија.

За Македонија годинава се предвидени 98.028.286 евра од ИПА, во 2012 г. - 101.882.881 евра, а во 2013 г. - 117.212.269 евра.

Од вкупно предвидените средства за периодот 2010-2013 година, за првата компонента од ИПА - Транзициска помош и институционален развој се предвидени 83.953.799 евра, за втората компонента - Прекугранична соработка 15.401.290 евра, за третата - Регионален развој се планирани 132.138.532, за четвртата компонента - Развој на човечки ресурси 30.380.000 и за петтата - Рурален развој 55.249.815 евра.

Целта на Инструментот ИПА што почна да се применува од 2007 година е да се стави во единствена рамка целокупната претпристапна помош за земјите-кандидати за членство во ЕУ. Средствата од ИПА се одобруваат врз основа на поднесени проекти во петте компоненти, а потенцијални корисници се државните институции, општините, универзитетите, компаниите, земјоделците...

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik